Пазарџиите на улица против Законот за зелени пазари, нивното здружение не ги поддржува

Од Здружението на пазарџии и комората на трговци велат дека не стојат зад овој протест.

422

Група пазарџии кои имаат тезги на Бит-пазар утрово го блокираа булеварот Крсте Мисирков незадоволни од Законот за зелени пазари со кој се бара тие да обезбедат лиценци за да продаваат на зелените пазари. Дел од пазарџиите, пак, кои продаваат на Зрелен пазар протестираат пред Собранието. Од Здружението на пазарџии и комората на трговци велат дека не стојат зад овие протести.

– Нашите членови не протестираат. Ние она што го баравме го добивме во Законот, но имаме информација дека утрово и оние пазарџии кои не сакале да протестираат се на улица оти вратите од пазарот се заклучени. Вратите од  овој и другите пазарот не смеат да бидат заклучени и тој ова што го направил најверојатно е од Скопски пазар – вели претседателот на Здружението на пазарџии и на Комората на трговци Екрем Долек.

Долек вели дека има неофицијална информација дека и враитте на други пазари се затворени.

-Некој сака да ги присили пазарџиите на протрести, но затворањето на вратите на пазарите е кривично дело – додава тој.

Освен пазарџиите против законот се изјаснија и организаторите на пазарите. Тие бараат да се повлече законот или да се одложи неговата примена оти во себе содржи низа нелогичности, а со скратувањето на можноста пензионери и привремено вработени да имаат тезга на пазар се намалува бројот на пазарџии и нивниот промет за 30 отсто.

Тие побараа средба со министерот за економија Кршник Бектеши, но тој ги препрати кај пратениците кои го предложиле законското решение.

 

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...