Индустриското производство минатиот месец бележи пад од 5,9 отсто во споредба со декември минатата година, а во перидот јануари-декември лани има раст од 3,7 отсто во однос на 2018 година.
Според податоците на Државниот завод за статистика, индустриското производство во секторот „рударство и вадење камен“ во декември 2019 година, во однос на декември 2018 година, бележи опаѓање од 24,2 отсто, во секторот „преработувачка индустрија“ има опаѓање од 3,1, а во секторот „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ за 12,1 отсто.
Според главните индустриски групи, пак, индустриското производство бележи пораст кај „капитални производи“ за 2 отсто, додека опаѓање има кај „енергија“ за 17,3, „интермедијарни производи, освен енергија“ за 7,1, „трајни производи за широка потрошувачка“ за 16,3 и „нетрајни производи за широка потрошувачка“ за 4,8 отсто.