Каматните стапки на кредитите во банките и штедилниците и во август бележат намалување. Кај депозитите каматните стапки не забележуваат промена на месечно ниво, но има пад од 0,04 процентни поени на годишно ниво.
Податоците објавени од Народната банка покажуваат дека просечната каматна стапка кај кредитите е сведена на ниво од 5,13 отсто, што претставува намалување на месечно ниво од 0,02, а на годишно од 0,36 процентни поени, просечната каматна стапка на депозити се задржа на нивото од 1,38 отсто како и претходниот месец.
Кај новоодборените кредити проечната каматна стапка забележува намалување од 0,07 процентни поени и изнесува 4,61 отсто, додека на годишна основа има намалување од 0,24 проентни поени.
Намалувањето кај новопримените депозити е 0,17 процентни поени на месечно и 0,44 процентни поени на годишно ниво и изнесува 1,10 отсто.
Кај корпоративниот сектор во август каматата на кредитите изнесува 4,38 отсто и бележи пад од 0,04 процентни поени. На новоодобрените кредитите во август каматата била 4,22 отсто.
Каматните стапки кај депозитите на корпоративниот сектор забележуваат намалување од 0,03 отсто и изнесува 1,58 отсто.
Каматите на кредитите на домаќинствата во август изнесувале 5,84 отсто и бележи пад од 0,02 процентни поени. На новоодбрените кредитите на домаќинствата каматата е намалена за 0,05 отсто и изнесува 5,22 отсто.
Просечната камата на депозитите на домаќинствата нема месечна промена и изнесува 1,35 отсто. На годишно ниво забележан е пад од 0,05 процентни поен.