Цените на нафтата на меѓународните пазари вчера паднаа под 59 американски долари. Причина за ваквиот пад на цените е влегувањето во сила на новите американски и кинески тарифи кои предизвикаа загриженост за глобалниот економски раст и побарувачката за енергенси.
На лондонската берза цената на барелот падна за 55 центи на 58,7 американски долари. На американскиот пазар еден барел чинеше 38 центи помалку односно за 54,72 долари.
На цените на нафтата влијаеја и податоците за растот на производството на нафта во членките на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) во август.