Паднаа Фејсбук и Инстаграм, корисниците гневни

574
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Социјаните мрежи Фејсбук и Инстаграм „паднаа“ ширум светот, поради што илјадници огорчени корисници објавија за тоа на Твитер.

Корисниците во јужниот и југоисточниот дел на Англија меѓу првите почнаа да „доживуваат проблеми“. Но подоцна и корисниците во САД, Бразил, Перу, Колумбија, Мексико и делови на Европа, исто така, го споделија својот гнев.

И на двете страници на овие социјални мрежи се појавуваат пораки за грешка при обидот да се вклучат корисниците.

– Упс… Нешто тргна на лошо. Работиме за да ја поправиме грешката што е можно побрзо, гласи пораката на Фејсбук.

Засега не е јасно која е причината за проблемот и колку ќе трае отстранувањето.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...