Грчкиот претседател, Прокопис Павлопулос, ја предупреди Албанија дека доколку ја сака поддршката на Грција, да не го поставува прашањето за Чамите.
Тој и со порака дека Албанија треба да ја прифати „историската вистина на криминалното минато на Чамите,како соработници на нацизмот“
-Со целосна искреност и порачувам на Албанија дека доколку го сака нашето пријателство и добрососедство, нашата поддршка на европскиот пат, која, инаку, и е неопходна, треба веднаш да ја признае неспорната историска вистина за нацистичкото воено-криминално минато на Чамите и никогаш да не ги споменува ова прашање во нашите меѓусебни односи. Нека разберат, тоа не е прашање на одмазда. Тоа е прашање на правда – изјавил Павлопулос,пренесува тиранската телевизија Ора њуз.
Тој додава дека негова цел не е да предизвика кавги, но,оти тоа е негова елементарна обврска, да ја рехабилитира историјата, да им каже на соседите што е тоа што може „да не натера да одиме заедно, но и што е тоа што објективно не е за преговарање, не само за Грција, туку и за самото европско семејства“.
– Нашата соседна земја, Албанија, кон која негуваме пријателски чувства, мора да знае дека се поминува од почитувањето на вистината и историјата. Затоа мора да знае дека таканареченото прашање за Чамите, е проблем, зошто тие беа соработници на нацистите. И се додека го подржува ова прашање, тоа е како да ги поддржува оние криминалци кои ја крвават цела Европа. И да не заборавиме дека Европа, во која Албанија има намера да влезе, е здание што беше создадено за никогаш да не се живее со тие злосторства,со таа суровост – вели грчкиот претседател.
Според него Чамите не биле прогонети од Теспотија, како што тврдат, туку побегнале за да не бидат судени како соработници на нацизмот, бидејќи тие морале да бидат судени бидејќи извршиле злосторства против човештвото”
– Дури и денес тие ги прикажуваат настаните поинаку.Тврдат дека наводно тие се бореле против нацистите и не биле нивни соработници. Тоа е провокативно искривување на историската вистина. Повторувам, секоја поддршка на ова искривување од соседна Албанија влијае и дури ги дефинира односите меѓу нас – констатира Павлопулос.
Според здружението на протераните Албанци-Чами,Чамарија е територија во Грција во која живееле етнички Албанци, а останала надвор од Албанија на амбасадорската конференција во Лондон во 1913 година, кога областа и била доделена на Грција, Во 1945 година повеќе од 35.000 етнички Албанци биле насилно протерани од нивните огништа.