Павлопулос не ги потпиша декретите за избор на претседател и обвинител на Врховниот суд

Грчки дипломатски извори коментираат дека од моментот кога декретите не се потпишани од претседателот на државата, немаат никаква правна сила и според тоа немаат обврзувачки карактер за новата влада.

304
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос не ги потпиша претседателските декрети за избор на претседател и обвинители во Врховниот суд на Грција, избрани од претходната влада.

Правната служба на претседателот на државата до Владата ги врати двата нацрт претседателски декрети.

Како што јави дописничката на МИА од Атина, грчки дипломатски извори коментираат дека од моментот кога декретите не се потпишани од претседателот на државата, немаат никаква правна сила и според тоа немаат обврзувачки карактер за новата влада.

На 31 мај, на вонредна владина седница, зад затворени врати, тогашната влада на СИРИЗА донесе одлука за избор на новите челници на највисоките судови, а од Нова демократија тогаш оценија дека изборот е противуставен и нелегален, бидејќи земјата беше пред парламентарни избори.

На почетокот на мај започнаа процедурите во грчкиот Парламент за избор на претседател на Врховниот суд, јавен обвинител и тројца заменици претседатели на Уставниот суд на Грција, бидејќи мандатот на актуелните им беше до 30 јуни.

Фото: EPA/KOCA/SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...