Павлопулос: Незамисливо е да се зборува за размена на двајцата грчки војници со осумте турски

558
ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Незамисливи се какви било разговори за размена на двајцата грчки војници, приведени во Турција, со осумте турски војници, кои побараа азил во Грција по обидот за државен удар во 2016 година, изјави денеска грчкиот претседател Прокопис Павлопулос.

Во интервју за турската телевизија НТВ синоќа турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави дека судбината на двајцата грчки војници приведени во Турција  е поврзана со одлуката на Атина дали ќе ги екстрадира осумте учесници во обидот за државен удар во Турција во 2016 година.

– Ако ни ги дадат учесниците во обидот за државен удар, ќе ја земеме предвид судбината на грчките војници – рече Ердоган.

– Она што некои луѓе го сугерираат како, за жал, и турскиот претседател, ако е правилно цитиран, дека може да станува збор за размена, ние велиме дека тоа е незамисливо – рече грчкиот претседател.

– Жално е, исто така, што постои таква конфузија за војниците, оние кои се приведени незаконски и турските државјани, кои добиле азил согласно меѓународното право – додаде Павлопулос.

Анкара не престанува да бара предавање на осум војници, кои избегаа во Грција по неуспешниот обид за државен удар.

Атина не го прифаќа барањето и одбива да ја врзува судбината на грчките војници, кои навлегоа на турската територија за време на пограничната патрола во март, со турските војници.

ФОТО: EPA/KOCA SULEJMANOVIC

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...