Државниот секретар Зоран Павловски тврди дека хотелите и рестораните не треба да се пререгистрираат, туку треба да се обноват податоците на сајтот на Министерството за економија со новолиценцираните и категоризирани хотели и ресторани по 2016 година.
Оваа изјава тој ја даде денска откако вчера од Здружението за туризам забележаа дека последните податоци за хотелите и рестораните во земјава се од 2016 година.
– Не треба да се направи пререгистрација, таа се прави секои три години. Сигурно сајтот не е апдејтиран. Тоа е убава забелешка, јас не сум ја забележал. Убаво е да ги ставиме последните категоризации – рече Павловски по форумот за туризам што се одржа во Стопанската комора на Македонија.
Според него, на листата треба да се додадат и новите хотели од 2017 и 2018 година кои се веќе категоризирани, но појасни дека сите хотели не можат да бидат ставеи на листата.
-Листата ги содржи само хотелите од четврта и петта категорија. Останатите и оние кои се водат како хостели се во надлежност на општините кои треба да ги регистираат и за тоа да не информираат- рече Павловски.