Тунелот за железничкото поврзување на земјава со Бугарија од бугарска страна е речиси готов и треба да се заврза изградбата на коридорот 8. Ова го изјави денеска бугарскиот премиер Бојко Борисов на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев.
– Можеме уште да го забрзаме процесот и ве повикувам сите да се вклучиме и да не губиме време – рече Борисов.
Според најавата на бугарскиот премиер ресорните министри од двете земји ќе се сретнат идната недела Ѓуешево, за да утврдат до каде се градежните работи на тунелот.
Премиерот Заев информира дека за Коридорот 8 од наша страна се обезбедени 580 милиони евра, од кои 65 милиони евра се од Инвестицискиот фонд за Западен Балкан, 60 милиони од ИПА 2 програмата, како и од кредити од Европската банка за обнова и развој и Европската инвестициски банка.