Во рамки на првиот ден од Меѓународниот саем на туризмот во Белград, градот Охрид на еден од најпознатите белградски сплавови „Амфора“ на Дунав, традиционално ја одржа Охридска промотивна туристичка вечер, со што го презенираа Охрид и Охридското Езеро како една од омилените туристички дестинации на гостите од Србија.
На промотивната туристичка вечер, пред 100 гости со традиционалната македонска музика, покрај преставниците на хотелите и туристичките организации од Охрид, од Агенцијата за промоција и подршка на туризмот и македонската амбасада во Белград, гости беа преставници на Туристичкиот сојуз на Србија и директорката Марија Лабовиќ, од српското здружение на хотелиери и ресторани (ХОРЕС), ЈУТА, преставници на повеќе туристички организации и здруженија од цела Србија и др. познати јавни личности.
Обраќајќи се пред присутните градоначалникот Константин Георгиевски изјави дека минатата годинава бројот на регистрирани српски туристи во Охрид бележи раст и нивниот број изнесува 8.500 туристи, додека бројот на оние кои во сопствен аранжман го посетиле Охрид е значително поголем.
– Охрид како најважна и најголема туристичка дестинација мора да се промовира, мора да се продава, мора да ја претстави својата приказна на српскиот пазар, што е еден од најголемите и најважни пазари за нас. Српските туристи ни се потребни и ги очекуваме, а со ваквите промотивни настани работиме во насока на унапредување на нашата промоција во Србија и на зголемувањето на српски туристи во Охрид – изјави градоначалникот Георгиевски.
На Охридска промотивна вечера гости беа 15 амбасадори од повеќе држави и таа побуди голем медиумски интерес, а присутни беа новинарски екипи од ТВ Војводина, Политика, руски, албански и грчки медиуми, повеќе интернет портали и македонски медиуми.
За утре на Белградскиот саем на туризмот најавена е презентација на Агенцијата за промоција и подршка на туризмот, како и на Охрид, Дојран и Крушево.