Според уредничкиот одбор на Глобал Фајненс најдобри резултати покажува Охридска банка Сосиете Женерал при направената евалуација на објективните и субјективните критериуми, што го мерат остварувањето натпросечни напори во своето работење при тоа воведувајќи производи и услуги во реално време што истовремено нудат апсолутна безбедност за клиентите.
-Ваквите меѓународни признанија се уште една потврда за улогата која Охридска банка Сосиете Женерал ја има во банкарскиот сектор во земјата, за нашата стабилност, конзистентност, нашата истрајност и посветеност. Одличните резултати што во низа ги постигнуваме, како и историски највисокиот раст на добивката на Банката во изминатата година, само покажуваат дека апсолутно го заслужувме ова – вели Бранка Павловиќ, претседател на Управниот одбор на Охридска Банка Сосиете женерал.
Банката ја добива оваа награда четири години по ред. Финансискиот магазин Глобал Фајненс, публикација на Светска Банка што е достапна во 188 земји во светот, по 26-ти пат по ред ја објави листата на добитници на престижната награда “Најдобра банка за 2019 година” во регионот на Централна и Источна Европа за 2019 година.
Наградата на Охридска банка Сосиете женерал за Најдобра банка во Македонија ќе и биде доделена на 19 октомври 2019 година во рамките на годишното собрание на ММФ / Светска банка во Вашингтон, САД, каде на едно место ќе се сретнат претставници од 22-те најдобри банки од Централна и Источна Европа.