Нина Неданоска стана претседателка на Управниот одбор на Охридска банка АД Скопје, соопшти банката на сајтот на Македонска берза.
Претходно досегашната претседателка на управниот одбор Бранка Павловиќ поднесе оставка.
Неданоска почна да ја извршува функцијата на 7 ноември.
Промената во Управниот одбор на банката е логична откако деновиве се официјализира преземањето на Охридска банка од австриската групација Штаермеркиште и Шпаркасен АГ.
Охридска банка денеска на прес-конференција ќе ги објави деталите поврзани со преземањето, и ќе информира за идните планови и стратегијата на Банката во земјата во иднина.