Во соопштението, потпишано од директорката на Универзитетот, Ванда Остин, се наведува дека договорот подразбира отштета од 2.500 до 250.000 долари на сите студентки кои тврдат дека гинекологот сексуално ги вознемирувал.
Како што е наведено, голем број студентки пријавиле дека гинекологот Џорџ Тиндал ги вознемирувал од 1988 до 2016 година.
Тиндал на Универзитетот работел како гинеколог околу три децении, а се пензионирал во 2017 година.
Тој ги демантира тврдењата.