Отстранет мигрантски камп во Париз, евакуирани 1.400 лица

90
20160210 Wednesday migranti gevgelija voz zima begalci ladno vreme

Повеќе од 1.400 лица се евакуирани денеска од  големиот камп за бегалци што се наоѓа на северозапад од Париз.

Големата акција почнала околу 6 часот утринава и во текот на неа евакуирани се 249 мигранти, меѓу кои имало и деца, како и 1.187 мажи, и сите се префрлени во спортски сали и 17 приватни центри, пишува парискиот весник „Паризиен“.

Меѓу евекуираните граѓани имало и околу 30-тина зависиници од дрога, кои се згрижени во соодветни установи.

Париските власти додаваат дека евакуираните се главно мигранти од Авганистан, од Блискиот Исток и од субсахарска Африка.

Регионалната здравствена агенција Ил де Франс во својот извештај од 24 јануари забележала присуство на туберколоза и паразитски болести, но и „мантално страдање“ и „екстремна ранливост“ кај жителите на кампот, посебно кај жените и малолетниците.

Од друга страна, полицијата во својот извештај наведува дека во кампот во пораст биле нападите, кражбите, трговијата со дрога, агресивното однесување… Просторот, што се наоѓал во парискиот 19 округ е расчистен со помош на градежни машини.

Кампот во текот на минатата година нагло се зголеми, откако беше отстранет кампот Порте де ла Капел, што се наоѓаше во негова близина.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...