Откупната цена на тутунот достигна 222 денари за килограм

Вредноста на откупениот тутун е над 4,2 милијарди денари и 94,4 отсто од досегашниот откупен тутун е исплатен од страна на откупните компании.

129

Откупот на тутунот се одвива непречено, досега се откупени над 19 милиони килограми тутун по просечна цена од 222,5 денари за килограм, информира Министерството за земјоделство.

Вредноста на откупениот тутун е над 4,2 милијарди денари и 94,4 отсто од досегашниот откупен тутун е исплатен од страна на откупните компании.

Од реколтата 2019-та вкупно се засадени 13.342 хектари тутун и склучени 32.798 договори со девет компании. Издадени се 20.933 евидентни листови. Вкупното производство на тутун од реколтата 2019-та изнесува над 26.700 тони тутун, што е за 6 отсто повеќе од реколтата 2018-та.

Од Министерството за земјодлество потсетуваат и дека по завршување на откупот и штом завршат сите административни процедури околу контролите, Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој ќе почне со исплата на субвенциите за производителите на тутун.

„Со новиот модел за зголемени субвенции што го воведе Владата на Република Северна Македонија, субвенциите за прва класа тутун се 80 денари за килограм, 70 денари за втора класа, и 60 денари за трета класа и дополнителните класи. Од оваа 2020-та година според новиот Закон за тутун, производи од тутун и сродни производи, ќе се укинат евидентните листови, со што драстично ќе се олеснат административните процедедури за тутуноптоизводителите“, информираат од Министерството..

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...