Дознајте кои видови маснотии на стомакот постојат за да можете брзо и лесно да ги елиминирате.
Стомак од стрес
Таквиот стомак, како што самото име имплицира, се појавува поради стресот. Повеќето маснотии се наоѓаат веднаш под градите и околу папокот, а желудникот е на допир мошне тврд. Ако имате ваков стомак, мора да се ослободите од стресот, да го ограничите консумирањето на кафето и да јадете повеќе храна која содржи магнезиум.
Стомак од хормоните
Ако стомакот изгледа како перница од секоја страна, на допир е мек и маснотиите се наоѓаат во долниот дел, тоа значи дека имате хормонски стомак. За да се ослободите од ваквиот стомак, треба да го ограничите консумирањето на мрсната храна и да јадете повеќе авокадо, риба, јаткасти плодови (ореви, бадеми, лешници) и јајца.
Стомак од подуеност
Таквиот облик на стомакот се појавува поради лошата исхрана, нетолеранцијата на одредени производи или поради некои видови алергии на храната. Кај ваквите случаи стомакот наутро е рамен, а во попладневните часови отекува поради преногу гасови во цревата. Најдобар начин да се ослободите од ваквиот стомак е да почнете да вежбате. Акцентот се става на кардио вежбите, со кои треба да му обезбедите на телото, односно на организмот квалитетен сон, а не е на одмет да проверите дали сте интолерантни на некоја храна. На пример, на млечните производи поради лактозата или на глутенот…
Стомак од алкохол
Како што и самиот назив вели, ваквиот стомак се појавува кај лицата кои редовно консумираат алкохолни пијалаци. Ако пиете многу пива или поголеми количества други алкохолни пијалаци, може да ви се создадат маснотии на стомакот, особено кај мажите. Ваша задача е да го ограничите консумирањето на алкохолот и да јадете повеќе овошје и зеленчук. Пожелно е да правите и вежби за зацврстување мускулите на стомакот.
Стомак по бременоста
По породувањето не е лесно да се врати добрата линија, бидејќи имате многу обврски околу детето, па не стасувате да одвоите време за себе и да се посветите на вежбањето и на приготвувањето поздрави оброци. Она што можете е на своето дневно мени да додадете риба, ореви, маслинки, здрави масла и други производи кои содржат добри масти. Свртете се кон медитеранската исхрана.