Продуцентите на филмот за Џејмс Бонд, Мајкл Г. Вилсон и Барбара Броколи, го најавија новиот почеток за снимање на најновиот филм за прочуениот таен агент, кој повторно ќе го толкува Даниел Крег, а кој, по неколку децении, повторно ќе биде снимен во Јамајка.
Оскаровецот Рами Малек, во улога на негативец, ќе биде дел од актерската екипа за новиот филм за славниот британски таен агент Џејмс Бонд.
Продолжението сѐ уште нема наслов, а се знае дека ова е последното продолжение во кое ќе глуми Даниел Крег.
Ова е филм, во кој Даниел Крег петти пат го толкува ликот на агентот 007 кој го создал Јан Флеминг. Режисерот Кери Џорџ Фукунаж, потврдил дека покрај Крејг и Малек, улогите ќе ги толкуваат и Рајф Фајнс, Џефри Рајт, Наоми Харис, Рори Кинир, Ли Сејдукс, Бен Вишсо, Ана де Армас, Дали Бенсалах, Давид Денчик, Лашана Линч, Били Магнусен.
Во 25-то издание, Бонд ја напушта службата и ужива во мирниот живот на Јамајка.
Неговиот мир нема да трае долго, кога ќе се појави неговиот пријател, Феликс Лејтнер, молејќи го за помош.
Мисијата во која е неопходно да се спаси киднапираниот научник, ќе се покаже како многу покомплицирана отколку што било очекувано и ќе го наведе Бонд на трага до мистериозниот злобник кој е вооружан со нова, опасна технологија.