Откриен организаторот на масакрот на Шри Ланка

727
FOTO; EPA-3-M.A.-PUSHPA-KUMARA

Главниот организатор на терористичките напади на Шри Ланка бил Инсхан Селаван, еден од бомбашите самоубијци, кој во неделата активираше експлозив во хотелот Шангри-Ла, изјави Ширал Лактхилака, советник на претседателот Маитрипала Сирисена.

Некои официјални претставници на Шри Ланка го посочија радикалниот екстремист Захран Хашим за клучно лице во организирањето на терористичките напади за време на католичкиот Велигден.

Лактхилака истакна дека е разбиена цела терористичка мрежа, додека, пак, други претставници предупредуваат дека некои осомничени за нападот се уште се на слобода.

– Најважно е да се истражи како дошло до ова ниво на радикализација – нагласи советникот на Сирисена.

Шефот на државата побара оставки од секретарот за одбрана и од шефот на националната полиција поради нереагирање на предупредувањата за нападите.

Кабинетот на Сирисена соопшти дека претседателот ги побарал оставките денеска. Засега не е познато кој ќе ги замени.

FOTO; EPA-3-M.A.-PUSHPA-KUMARA

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...