Откриен нов облик на деменција, има многу слични симптоми со Алцхајмер

Дури една третина од луѓето на кои им е дијагностициран Алцхајмер можно е, всушност, да страдаат од сосем нов облик на деменција, пишува Би-би-си.

1065

Милиони возрасни луѓе имаат облик на деменција кој воопшто не се дијагностицира точно, туку погрешно се заведува под името Алцхајмерова болест, пренесува Би-би-си.

Се смета дека дури една третина од луѓето со дијагноза на Алцхајмер, всушност, потполно погрешно се лекувани затоа што имаат сосема поразличен облик на деменција.

Дури една третина од луѓето на кои им е дијагностициран Алцхајмер можно е, всушност, да страдаат од сосем нов облик на деменција, пишува Би-би-си.

Во стручниот магазин „Мозок“ научниците објасниле дека новооткриениот облик на деменција е мошне сличен на Алцхајмер, односно симптомите се слични и истакнуваат дека тоа делумно објаснува зошто сите досегашни обиди за развој на лек на Алцхајмеровата болест биле неуспешни.

– Веројатно, станува збор за најзначајниот стручен труд за деменцијата објавен во последните пет години – смета професорот Роберт Хауард.

Деменцијата е поим кој првенствено се однесува на полошото памтење, а потоа и на низа интелектуални проблеми поврзани со памтењето и размислувањето. Во стручната литература опишани се различни видови деменција, но Алцхајмеровата болест е најчестиот и најистражениот облик. Обично резултира со губење на памтењето и останатите знаци на когнитивен пад, а поврзана е со таложење на два протеини во мозокот познати како амилоид и тау.

Се претпоставува дека пациентите можеби страдале од состојба која се нарекува лимбичко-доминантна ТДП-43 енцефалопатија или скратено ЛАТЕ, која предизвикува симптоми мошне слични на Алцхајмеровата болест.

Се верува дека ЛАТЕ дејствува на „најстарите стари лица“, а тоа значи на сите постари од 80 години.

Научниците утврдиле дека менталните способности се намалуваат со побавно темпо отколку Алцхајмеровата болест, иако, кога овие две состојби се присутни истовремено, симптомите се развиваат мошне брзо.

Во моментот не постои некој специфичен тест за деменција, а знаците понекогаш се видливи на мозокот и по смртта. Научниците веќе долго време се обидуваат да пронајдат делотворен лек за деменција, но имајќи ги предвид различните видови и причинители на болеста, нивната цел е сè уште далеку.

Сознанијата за ЛАТЕ отвораат можност за развој на нови поделотворни начини на лекување.

Оваа форма на деменција е присутна цело време кај пациентите, но дури сега ја идентификувавме. Таа е една од најчестите и ова е појдовна точка за понатамошно истражување и развој на терапијата. Нема сомневање дека многу луѓе со дијагностицирани Алцхајмерова болест воопшто не страдаат од неа.

– ЛАТЕ најверојатно реагира на различен третман од Алцхајмеровата болест, што објаснува зошто многу од претходните лекови за Алцхајмеровата болест не поминале низ клинички испитувања – рекле истражувачите.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...