Телото на исчезнатиот саудиски новинар Џамал Кашоги е исечено на парчиња откако претходно бил убиен во саудискиот Конзулат во Истанбул, објави Си-Ен-Ен, повикувајќи се на неименуван турски официјален претставник.
Тоа тврдење, првично објавено од „Њујорк тајмс”, следуваше по девет часовниот претрес на турските истражители во саудискиот Конзулат во Истанбул.
Неименуван турски официјален претставник не сакаше да коментира за начинот на отстранување на телото.
Американските медиуми претходно објавија дека Кашоги бил убиен за време на информативен разговор што излегол надвор од контрола.
Според американските медиуми, во истрагата за исчезнувањето и наводното убиство на саудискиот новинар Џамал Кашоги,
турските власти идентификувале 5 осомничени лица – од кои 4 се поврзани со саудискиот принц Мохамед бин Салман.
Д-р Салах Мухамед Ал-Тубаи, шеф на форензичарите во одделот за државното обезбедување на Саудиска Арабија, за кој се претпоставува дека го распарчал Кашогие е видено како ја поминува пасошката контрола на истанбулскиот аеродром Ататурк на 2 октомври.
ФОТО: Твитер