Откриени тајни тунели и воен објект под Алкатраз

134

Археолози ги потврдија долгогодишните сомнежи на некои историчари дека познатиот затвор Алкатраз е изграден на воено утврдување од времето на американската Граѓанска војна.

Истражувачите пронашле неколку простории и тунели под дворот на Алкатраз, доизграден во 20. век, а во којшто некогаш казна служеше и (не)славниот мафијаш Ал Капоне. Притоа се користени радари и ласерско скенирање на земјата, како и историски мапи и фотографии.

Пронајдени се целосно закопани градби, складишта со муниција и тунели.

Алкатраз првпат го привлече вниманието на американската јавност кога САД во 40-тите години од 19 век ја презедоа Калифорнија од Мексико. Местоположбата во заливот Сан Франциско го чини примамлив за воени цели.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...