Пејачката Адел, која пред десеттина дена стави крај на осумгодишната врска и брак со Сајмон Конеки, беше забележана како се бакнува со друг маж, пренесуваат од „Сан“. Изворот, кој ја споделил веста пред таблоидот, тврди дека Адел и новото нејзино …
Адел и Сајмон наводно не живееле заедно веќе извесно време, пишува „Дејли мејл“. Исто така, напоменуваат дека тоа никој не го знаел и дека таа врска веќе извесно време била формално мртва. Адел е, исто така, веќе видена како бакнува непознат маж во Њујорк.
– Може да се каже дека им „попушти“ на Американците откако живее во Лос Анџелес, а неодамна беше забележана како се бакнува со многу згоден маж во еден бар. Наликува на Сајмон, само што е многу поуреден и поугледен – рекол извор за „Сан“, додавајќи дека Адел на анонимниот маж му да дала до знаење дека не сака ништо сериозно.
Извор близок до пејачката открил и дека Адел често оди на состаноци со мажи, но на пријателите им кажала дека не сака сериозна врска затоа што е посветена на воспитување на синот кој го доби од бракот со Сајмон, пишува „Дејли меил“.
Адел и поранешниот сопруг не потпишале никаков предбрачен договор, па набрзо следува битка за поделба на имотот.