Во лаптопот на Михајло Максимовиќ пронајдени се табели со имињата на сите клиенти, меѓу кои има многу познати личности, но и список на старлети, стилистки, правнички и манекенки кои на клиентите им пружале сексуални услуги за пари, пишува „Курир.рс“.
Михајло Максимовиќ од Шабац, кој е повторно уапсен поради сомнение дека елитни проститутки, меѓу кои и некои познати личности, ги нудел на богати клиенти, повторно е во центарот на вниманието поради списокот на муштерии кој е пронајден во неговиот компјутер.
Како што извор пишува „Курир.рс“, Максимовиќ е уапсен кон крајот на февруари во својот стан во Белград и тогаш на списокот од 300 клиенти пронајдени се имиња на политичар кој со години е на власт, како и на поранешен кошаркар кој се збогатил за време на кариерата во НБА.
– Упасен е и братот на Максимовиќ, Душан М. На нив двајцата им биле одземение мобилните телефони и двата лаптопи во кои се најдени прецизни евиденции, уредни табели, како за жените кои пружале услуги, така и за клиентите. Во документите кои ги воделе имало наводи за патувањата, хотелите во кои се состанувале, што донекаде и не било изненадување за истражителите, но и голем шок бил списокот на имиња на клиентите кои ги плаќале старлетите, манекенките, стилистките и другите познати дами. На другата листа имало и добро познат политичар кој е на власт веќе подолго од деценија. Исто така, на списокот имало и име на кошаркар кој ја завршил кариерата, но и понатаму е медиумски активен, открил извор за „Курир.рс“.
Изворот за Курир.рс наведува дека на списокот има и клиенти криминалци, фудбалери, пилоти, но и платени убијци.