Кралската биографка Пени Јуниор ја открила содржината на пораката која принцот Чарлс ѝ ја испратил на трагично загинатата принцезата Дијана ноќта пред кралската венчавка.
И покрај сѐ, принцот ја бодрел воочи венчавката 19-годишната принцеза Дијана. Неколку дена пред својата венчавка со принцот Чарлс во 1981 година, Дијана дознала дека избраникот на нејзиното срце ја изневерува со Камила. И покрај тоа, планираната венчавка била одржана, а иако неколку ноќи пред судбоносниот ден поминале одвоени, принцот Чарлс ѝ пратил на Дијана емотивна порака.
„Неверојатно сум горд на тебе и кога ќе дојдеш утре до олтарот – ќе бидам таму за тебе. Само погледни ги во очи и нека „паднат во несвест””, ѝ напишал на Дијана во пораката која ја испратил во дворецот Кларенс хаус, каде идната принцеза престојувала со сестра ѝ Џејн.
Двајцата воочи венчавката се сомневале околу продолжувањето на заедничкиот живот. И иако му било јасно дека венчавката е голема грешка, судејќи според пораката која ѝ ја упатил на Дијана, Чарлс одлучил да ја бодри непрежалената принцеза.