Откриена нова вакцина против туберкулоза

194

Секоја година, 10 милиони луѓе во светот заболуваат од туберкулоза, во моментов водечка причина за смртни случаи од заразни болести, а овој тренд би можел да се промени дури и со делумно ефикасна вакцина, пишува Њујорк тајмс.

Новата експериментална вакцина заштити околу половина од луѓето што ја примиле, а може да означи пресвртница во борбата против туберкулозата, најсмртоносна заразна болест во светот, од која годишно умираат 1,6 милиони луѓе, објавија неодамна научниците.

Иако ефективноста на вакцината од 50 проценти е далеку од идеалното, сепак, тоа значи спасување милиони животи.

Кога се појавија прелиминарни резултати од ново испитување на вакцината пред една година, Светската здравствена организација оцени дека таа претставува „голем научен успех“.

Сепак, научниците посочуваат дека е неопходно да се тестира вакцината кај различно население.

– Вакцината е ветувачка и веројатно е подобра од вакцината BCG која е откриена пред сто години, рече Марио Равиjон, експерт за општо здравје на Универзитетот во Милано, кој 14 години ја водеше програмата на СЗО за глобална борба против туберкулозата.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...