Бугарските власти открија криминална мрежа и подигнаа обвинение против четири члена на таа мрежа заради регрутирање на сиромашни лица кои за пари ги давале своите бубрези за пациенти на кои им била потребна трансплантација, соопшти денес обвинителството.
Тројца мажи и една жена обвинети се за регрутирање на донори на органи кои потоа стапувале во контакт со пациенти на кои им било потребно пресадување на бубрези, изјавил обвинителот Димитар Петров.
Трансплантациите се правеле во една болница во Турција благодарение на фалсификувани документи според кои донорот и пациентот се во сродство.
Обвинителот рекол дека најмалку пет пациенти на тој начин добиле бубрег за трансплантација од февруари 2019 година На списокот за чекањебиле уште два пациенти и три потенцијални донори.