Откако се преселила во новиот стан, почнала да се разболува: Една година била труена… ФОТО+ВИДЕО

625

Британката Ема Маршал (29) живеела во источен Лондон во стан кој во бањата имал дебел слој од црна мувла. Таа почнала да чувствува слабост и главоболки поради што посетила неколку доктори.

Иако состојбата ѝ се влошила од ден на ден, па извесно време што не можела ни да стане од кревет, никој не знаел што ѝ е сѐ додека еден лекар не открил превисоко ниво на микотоксин, секундарен производ на метаболизмот кој го синтетизира мувлата во текот на растот.

– Кога конечно пронајдов добар лекар, ме праша за средината во која живеам и работам, а штом му реков дека не се чувствувам добро од 2014 година, кога се преселив во друг стан, сфатив дека мувлата би можела да биде причината – раскажала Ема која вели дека оттогаш телото ѝ е слабо и дека веќе со години се чувствува како некој полека да ја труе. Набрзо почнала да добива симптоми како акни и болки во телото.

Мислела дека сето тоа е последица на стрес, но во 2015 година, здравјето започнало да ѝ се влошува – неколкупати добила воспаление на бубрезите поради што лекарите морале да ѝ вградат катетер во период од две недели. Таа година и паднала и ја повредила раката, а болката се проширила и кон рамениците и вратот. По извесно време, Ема едвај можела да ја мрда таа рака, а пред да ѝ се подобри состојбата со раката, Ема завршила на операција поради отстранување на слепото црево кое се воспалило.

– Кога знаете дека нешто не е во ред со вас, а никој не ве слуша, се чувствувате како да викате во празна јама – рекла девојката која во разни фази се борела против многубројни симптоми на разни болести како болки во зглобовите и мускулите, главоболки, мачнини, губење на помнењето, несоница, акни, осип, губење на косата и отекување.

Кон крајот на 2018 година, Ема пронашла објаснување за своите симптоми на интернет – труење со мувла. Тогаш сѐ ѝ се поклопило, а кога отишла на лекар, се изненадила кога дознала дека нивото на митотоксини во крвта е на превисоко ниво. Сега Ема Маршал собира пари за лекување во Мексико на „GoFundMe“ и напоменува дека е важно да не се откажувате кога знаете дека нешто се случува со вашето тело, иако никој не знае што.

FOTO: „GoFundMe“

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...