Новиот филм со контроверзниот британски комичар, Саша Барон Коен, под работен наслов „Судењето на чикашките седуммина“ е откажан, неофицијално – поради недостиг на финансии.
Проектот беше во претпродукција, а премиерата беше закажана за наредната 2019 година.
Приказната е за судењето на седуммина учесници во антивоените протести при Националната конвенција на американската Демократска партија во Чикаго во 1968 година.
Филмаџиите на интернет коментираат дека можеби буџетот и не е вистинската причина за откажувањето, туку контроверзната тема.
Освен Коен (попознат како Борат и Али Џи), за улога во филмот беше ангажиран и оскаровецот Еди Редмејн.