Жената чија усна пораснала за четири пати по неуспешното полнење со филери, рекла дека сестрите во болницата ѝ се смееле, пишува „Телеграф.рс“.
Рејчел Напијар (29) речиси ја изгубила горната усна кога интервенцијата „Ботокс парти“ што ја направила по препорака на својата пријателка тргнала на лошо… Поради стари повреди, имала грутка на усните и мислела дека ботоксот ќе ја поправи нејзината најголема несигурност.
– Беше добро. Отидов во кревет. Се разбудив во два часот наутро и го видов ова што го гледате на фотографиите. Моите усни го допираа носот. Станале двојно поголеми. Притисокот и печењето кои ги чувствував на усните беше неверојатен – рекла Рејчел во британската телевизиска емисија „Ова утро“.
Рејчел веднаш отишла во болница и се згрозила кога медицинските сестри почнале да ѝ се смеат.
– Не виделе ништо слично порано. Им реков дека имам алергиска реакција, бидејќи мислев дека се работи за тоа. Тројца лекари ми рекоа дека филерите, всушност, ми ги вбризгале во артеријата – рекла Рејчел.
По 72 часа филерите на Рејчел се распаднале и сè се вратило во нормална големина. Сега таа се залага за построги прописи и ги информира другите за опасностите од филерите за усни со пораката „Заштитете ги пред да инјектирате“. Британското здружение на естетски хирурзи (БААПС) предупредило на драматичниот пораст на нерегулираните постапки, кои ги вршат нестручни лица за давање филери за полнење на усните во Велика Британија.
Доктор Тијон Ешо, кој ѝ се придружил на Рејчел во студиото, ѝ рекол дека може да биде среќна што не ја изгубила усната и советува дека постапката треба да се извршува само кај лекар, медицинска сестра или стоматолог.