Отечените нозе може да бидат знак за овие сериозни болести

Лекарите набројале шест најчести причини за отечените нозе и предложиле некои решенија кои би можеле да ви помогнат со овој проблем.

780

Отечените нозе, познато и како периферен едем и задржување на водата, може да предизвикаат сериозни грижи кај луѓето кои имаат со тоа проблеми, предупредуваат лекарите. Тие набројале шест најчести причини за отечените нозе и предложиле некои решенија кои би можеле да ви помогнат со овој проблем.

Недостаток на активности
Повеќето проблеми со отекувањето на нозете се предизвикани од помали циркулациски проблеми кои се јавуваат кога луѓето доволно не се движат, предизвикувајќи таложење на вода во нозете.
Ако повеќето од своето време го поминувате седејќи во канцеларијата или пред телевизорот, тогаш вашите отечени нозе ви праќаат порака: „Мора повеќе да се движите!“. Овој проблем е лесно решлив. Излезете на прошетка, заменето го лифтот со скалите, вежбајте или што и да ви одговара за да се покренете.

Крвни згрутчувања
Крвните згрутчувања во нозете не се толку сериозен проблем како што ви изгледа на прв поглед, иако може да бидат опасни ако не се лекуваат. Шансите за појава на крвните згрутчуваања се зголемуваат со возраста и често се јавуваат кај трудниците.
Редовното држење на нозете на повисока положба во текот на седењето или лежењето може многу да помогне кај овој проблем. Помагаат и еластичните чорапи, но треба да внимавате да не се многу цврсти за да предизвикаат црвени траги од гумичките на кожата. Постојат и компресивни чорапи кои помагаат кај овој проблем.

Лоша исхрана
Лошата исхрана е една од водечките причини за отекување на нозете, предизвикувајќи во тешките случаи несакано задржување на водата во нозете и рацете. Тоа, исто така, им се случува на луѓето кои јадат многу солена храна, бидејќи премногу натриум го поттикнува телото да ја задржи водата.
Најдобар начин за решавање на едемот предизвикан од нездрава исхрана е промената на истата. Ако мислите дека вашата исхрана е во ред и не сте сигурни што ги предизвикува отоците на нозете, обидете се да водите дневник на исхрана во кој освен оброците ќе запишувате и кога се појавуваат отекувањата. Можеби ќе најдете изненадувачка поврзаност помеѓу отечените нозе и некој вид исхрана.

ПМС или бременост
Многу жени може да доживеат отекување на нозете и подуеност околу една недела пред менструацијата, што е познато како предменструален синдром (ПМС). Воопшто не е невообичаено за жените во ПМС да имаат отечени нозе. Тој проблем се јавува и кај трудниците. ПМС и бременоста се две многу различни работи, но тука ги поврзуваме, бидејќи имаат слично решение.
Во овој случај помага пиењето на топол чај од магдонос. Потребно е да исечете ливчиња и корен од магдонос, да наполните една четвртина шолја и да ја прелиете со врела вода. Оставете да стои пет минути, потоа можете во него а додадете лимон, ѓумбир или мед за вкус.

Проблеми со бубрезите и црниот дроб
Вовлечениот едем е вид на задржување на водата кој влијае не само на нозете туку и на лицето и рацете на човекот. Овој вид на едем е последица на проблемите со црниот дроб или бубрезите. Симптомите најчесто се најлоши кога наутро ќе се разбудите.
Ова е сериозна и потенцијално опасна состојба, па потребно е што побрзо да одите кај лекар. Може да предизвика пропуштање на протеините од крвта во урината и да го намали вкупниот протеин во телото на човекот, што потоа предизвикува наталожување на течност во нозете.

Проблем со срцето
Причина за отечените нозе може да бидат и проблемите со срцето. Тоа се случува во ситуации кога на срцето му недостасува сила за пумпање на потребната крв низ телото, а вашите нозе – како екстремитети – поради тоа најмногу ќе трпат. Состојбата се нарекува генерализиран едем и значи дека вашите нозе задржуваат најмногу вода.

Ако ви се случува да не можете длабоко да земете воздух или по кратка вежба, постои можност да имате проблеми со срцето. Во овој случај, уште еднаш, ваша најдобра опција е да се обратите на лекар и да ги направите потребните тестирања.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...