По шестти пат, денеска, во Куманово е отворен „Малински фото фестивал“ во организација на Фото Клуб Куманово. Првата од неколкуте изложби на програмата на фестивалот беше отворена во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ насловена „Круг“.
– Како прв фотограф во Куманово, Малински ни пренесува историско – културен капитал од едно време во кое се испреплетуваат носталгијата, радоста, чувството за припадност и поменот кон она од што сме се отуѓиле и кое времето ни ги бледи сеќавањата. Малински е раскажувач, активен опсервер на реалноста, реалноста која тој успева да ја авторира, на тој начин што ја мултиплицира и модифицира – рече Жаклина Стефановска, од Фото клуб Куманово на отворањето на изложбата.
Освен оваа изложба, во трите фестивалски дена ќе бидат презентирани фотографии од Фото кино клуб „Параќин“ од Србија и Фото клуб „Формат“ од Чачак. Денеска беше отворена и изложбата на делата од основните училишта „Кочо Рацин“ и „Крсте Мисирков“, самостојни изложби на Јан Вало и Жаклина Стефановска, интернацоналната „Игра“.
Фестивалот е поддржан од Министерството за култура и е дел од програмата „500-тини години постоење на Куманово“.
ФОТО: МИА