Отворено „Скопско лето“, педесетина содржини до 31 јули

Од утре, кога на програмата е првата театарска изведба („Крал Ричард Трети“) со гостувањето на „Гавела“ од Загреб во МНТ, „Скопско лето“ ќе продолжи со програмските содржини кои традиционално траат до 31 јули.

145

Со концерт на Дадо Дганит, позната пејачка и член на Националниот театар на Израел „Хабима“ и познатата израелска флејтистка Зер Авив, вечерва во Македонската филхармонија е отворен фестивалот „Скопско лето 2018“.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира нејзиното гостување со поддршка од Амбасадата на Израел во Македонија, а со концертот се одбележуваат 70 години независност на Израел.

Публиката ја поздрави и се обрати израелскиот амбасадор Дан Оријан, а фестивалот за отворен го прогласи градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов.

Од утре, кога на програмата е првата театарска изведба („Крал Ричард Трети“) со гостувањето на „Гавела“ од Загреб во МНТ, „Скопско лето“ ќе продолжи со програмските содржини кои традиционално траат до 31 јули.

Во 40-те фестивалски дена најавени се околу 50 настани – театарски претстави, концерти од различни жанрови, програми за деца, десетина изложби со домашни и со ликовни уметници од странство, промоции на книги, а од 12 јули во Сули ан ќе ја има и редовната филмска содржина „Кафе кино“. Фестивалот ќе се одржува на 20-ина локации во главниот град.

Фестивалот е поддржан од Град Скопје, Министерството за култура и од странски културни центри и амбасади.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...