Отворање на Лидл во Србија: Жена купила 30 пилиња, маж натоварил 500 кг шеќер, Ургентен без пациенти

10797

Ланецот маркети Лидл денеска конечно ги отвори своите продавници во Србија, а илјадници Срби во редови чекаа да влезат во еден од 16-те маркети уште од раните утрински часови.

Според српските медиуми, постојано имало барем 500 лица кои чекале за влез во маркетите за да купат нешто од производите на акција.

Најголема „тепачка“ имало за пилешкото месо, а дополнување на фрижидерите со пилешко се правело на секои пет минути. Исто така, голем интерес на купувачите имало и за бананите, чоколадите, млекото и шеќерот.

Како што пренесува српски Блиц, во дел од маркетите за малку ќе дошло и до тепачки. Од поинтересните моменти кои ги пренесуваат се и тоа што една Белграѓанка купила 30 пилиња, а во Нови Сад маж купил 500 килограми шеќер. Се купувале и по 10 килограми банани. Во Лесковац, пак, граѓаните заборавиле и дека се болни, па Ургентниот центар денеска имал 10 пати помалку пациенти.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...