Осум судови во Москва евакуирани поради дојави за бомби

29

Осум московски судови денеска се евакуирани поради дојава за поставени бомби, соопшти прес службата на Московскиот суд.

Поради анонимни закани со бомби, во Москва за три седмици се прегледани  повеќе од 5.000 објекти. Евакуирани се речиси 500.000 луѓе.

Непознати лица, во повеќе наврати упатија закани со бомба во многу институции, вклучувајќи училишта, судови, болници, аеродроми, железнички станици.

Сите досегашни закани се покажаа лажни

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...