Осум Албанци во Германија осомничени за шверц на 1,8 тони кокаин

259

Против осуммина албански државјани во Германија е покренато обвинение поради шверц во земјата на околу 1,8 тони кокаин при разработена мрежа на шверц на дрога од Јужна Америка во Европа. Кокаинот е шверцуван во кутии со банани.

Вредноста на кокаинот се проценува на 400 милиони евра, јавуваат германските медиуми.

Обвинителството во Ландсхут соопшти дека на обвинетите Албанци им се заканува затворска казна од 15 години доколку бидат прогласени за виновни.

Постои сомневање дека кокаинот, кој бил скриен меѓу банани, го донеле во Хамбург од Еквадор.

Дрогата е пронајдена во магацини ширум Германија во кои биле распоредени бананите.

Властите покренаа акција во 2017 година кога неколку кутии со банани, во кои имало кокаин, се нашле во продажба во супермаркети во Баварија.

Во Хамбург досега се осудени четири лица.

 

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...