Осумнаесет месеци затвор за Марија Бутина, признала дека е руски агент

429

Русинката Марија Бутина (31), која призна дека работела како таен агент за Кремљ, осудена е во САД на 18 месеци затвор.

Бутина е во притвор од јули 2018 година.

Судија во окружниот суд нареди Бутина да биде депортирана во Русија по издржувањето на затворската казна. Бутина лани призна дека тајно собирала разузнавачки податоци за Националното здружение за оружје и други групи.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...