Осуммина туристи загинаа во поплава во Мексико

62

Најмалку осум туристи загинаа во поплава во Мексико, соопштија денеска локалните власти.

Тие биле на излет во северниот дел на државата Коахуила, кога ненадејно ги погодила водената стихија, соопштија властите и додадоа дека еден од загинатите имал 65 години, а останатите биле на возраст од 15 до 20 години.

Според првичната истрага, нивото на водата брзо се зголемило затоа што резервоарите за собирање на дождовница на околните ридови биле преполни и се прелеале.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...