Осуммина загинати меѓу кои и две деца во пожар во зграда во Москва

Меѓу загинатите се две деца, од кои едното на возраст од пет или шест години, едно бебе, четири жени и еден маж.

129

Најмалку осум лица загинаа, а две други се повредени денеска при пожар во станбена зграда во Москва.

Меѓу загинатите се две деца, од кои едното на возраст од пет или шест години, едно бебе, четири жени и еден маж.

Двете повредени лица се пренесени в болница и според лекарите тие се вон животна опасност.

Како што јави ДПА, за гаснење на пожарот во седумкатната зграда на престижниот булевар „Никитски“, на пожарникарите им биле потребни три часа. Пожарот, што избувнал на петтиот кат на зградата, уништил околу 1.500 квадратни метри површина.

Причините за пожарот засега не се познати, а властите покренаа официјална истрага за случајот.

Опожарената зграда е изградена во 1914 година и властите стравуваат од можно нејзино уривање, поради што се евекуирани над сто станари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...