Најмалку осум луѓе загинаа, а 26 се повредени кога жена бомбаш-самоубиец се разнесе пред болница во пакистанскиот град Дера Исмаил Кан.
Одговорноста за нападот ја презеде групата позната како Пакистански талибанци, чиј портпарол Мухамед Курасани истакна дека станува збор за одмазда поради убиство на двајца талибанци пред еден месец.
Нападот се случил откако се убиени двајца полицајци на контролен пункт во градот.
– Кога нивните тела се однесени в болница, бомбашот за кој се претпоставува дека е жена во бурка, го активирала експлозивот – изјави локален полицаец.
Во експлозијата е уништен ургентниот оддел на болницата, поради што некои од повредените се пренесени во други градови.