Бројот на жртвите во поплавите и лизгање на земјиштето предизвикани од обилните дождови во индонезиската провинција Папуа се искачи на 89, околу 160 луѓе се повредени, а десетици луѓе се водат како исчезнати.
Надојдената вода и лизгањето на земјиштето уништија патишта и мостови во неколку подрачја во округот Џајапура, поради што се отежнати спасувачките операции.
Од под калта и урнатините до сега извлечени се 89 тела.
Се претпоставува дека бројот на жртвите да биде поголем.
ФОТО: EPA / BNPB / HANDOUT