Осудени 74 лица на доживотен затвор поради обидот за преврат во Турција

118

Турски суд осуди денеска 74 лица, меѓу кои и војници, на доживотен затвор поради нивната улога во обидот за преврат во јули 2016 година.

Тие се осудени на строг доживотен затвор под обвинение за „обид за промена на уставниот ред“ и немаат право на амнестија.

Засега не е познато колку воени лица има меѓу групата осуденици.

Повеќе од 240 луѓе загинаа, а околу 2.200 беа повредени при обидот за пуч во Турција, а кој Анкара го обвинува исламистичкиот проповедник Фетулах Ѓулен и неговото движење, кое во Турција е наречено ФЕТО – Фетулахистичка терористичка организација.

По обидот за преврат турските власти спроведоа огромна чистка против наводни поддржувачи на Ѓулен, апсејќи околу 160.000 лица, меѓу кои универзитетски професори, воени и државни службеници. Од нив, според Министерството за внатрешни работи, 77.000 се официјално обвинети и ставени во притвор додека трае судскиот процес против нив.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...