Скандал во затворот Идризово. Дел од осудените за настаните од „Диво Насеље“ од затворот половина час во живо на социјалната мрежа фејсбук барале донации за нивните и семејствата на загинатите борци.
Од затворот за телевизијата го потврдиле настанот и изјавиле дека се соочуваат со сериозен проблем со нелегално прибавени телефони во затворот. Неодамна протече видео и од затворот во Шуто Оризари, на кое наводно е снимено доаѓањето на осомничениот во Рекет, Боки 13.
Пред неколку дена и првиот човек на затворот, Есад Рахиќ во интервју за РСЕ кажа дека поседувањето телефон во ќелиите е хроничен проблем во кој се инволвирани и вработени во установата.
За случајот „Диво Насеље“ поранешниот косовски премиер Рамуш Харадинај вчера најави дека ќе побара од земјава да им дозволи на осудените за Диво Насеље, преостанатиот дел од казната да го отслужат во косовските затвори.
Припадниците на кумановската група се осудени за тероризам за настаните во Диво Насеље на 9 и 10 мај 2015 година. Во вооружената престрелка загинаа осум припадници на специјалните единици, а беа повредени 37 полицајци.