Остри зборови меѓу сојузниците – Салвини до Макрон: Ако нема криза, однеси ги мигрантите дома

Одбивајќи да дозволи на приватни спасувачки бродови да пристигнат во Италија, Салвини ги предизвика партнерите од ЕУ да примат уште мигранти.

678

Италјанскиот министер за внатрешни работи Матео Салвини му порача синоќа на францускиот претседател Емануел Макрон дека ако мисли оти не постои мигрантска криза, да ја отвори вратата на својата куќа за мигранти.

Сaлвини реагираше на изјавата на Макрон во Рим, каде се сретна со папата Франциско, дека не постои никаква мигрантска криза.

Ако е тоа случај, вели Салвани, „Макрон треба да ја отвори вратата на својата куќа за 9.000 мигранти“, колку што Франција вети дека ќе прими од Италија, во согласност со договорот на ЕУ.

Одбивајќи да дозволи на приватни спасувачки бродови да пристигнат во Италија, Салвини ги предизвика партнерите од ЕУ да примат уште мигранти.

– Премногу е лесно да се фотографирате со папата, без почитување на договорот, а ги враќате жените и децата на граница, рече Салвини, алудирајќи на одбивањето на Франција да им дозволи на мигрантите да преминат граница со Италија.

– Француската ароганција веќе не е во мода во Италија, додаде Салвини.

ФОТО: Твитер

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...