Оставка на британска дипломатка во САД: Не сакам да зборувам полувистини за Брегзит

372

Александра Хал, високорангирана британска дипломатка во САД поднесе оставка поради односот на британската Влада кон Брегзит.

Специјалната пратеничка на британскиот премиер Борис Џонсон во САД во своето писмо за оставката посочи дека веќе не може да ги пропагира „полувистините“ на политичките лидери на кои не им верува. Таа напиша дека е згрозена од барањето на јавноста да претставува информации за Брегзит кои не се „во целост искрени“, јави Си Ен Ен.

– Таа неволност на британските челници искрено да ја информираат јавноста за Брегзит ја намали веродостојноста на британските дипломати во странство“ – оцени Хал, истакнувајќи дека поради тоа нејзината позиција станала „лично неподнослива“ и „професионално неодржлива“. Таа, исто така, истакна дека нејзината оставка нема врска со тоа дали е или не е за Брегзит, туку со нејзината фрустрација од начинот на спроведување на политиките.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...