Зоран Илоски уште четири години ќе биде генерален извршен директор на „Жито Полог“ а.д. Тетово. Така одлучил вчера Одборот на директори. Илоски и во претходниот мандат ја извршуваше оваа функција.
За претседател на одборот на директори, пак, е избрана Снежана Георгиева додека нов независен член на менаџерскиот тим е и Сашо Босилов.
Собранието на акционери на „Жито Полог“ на вчерашната седница ги разреши од функциите во Одборот на директори: Кристина Камчева-Стојческа,Тодор Мирчевски Зорица Арсовска и Јордан Маховски.
Кристина Камчева-Стојческа,Тодор Мирчевски и Зорица Арсовска инаку се под истрага во случајот на СЈО „Империја“, поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела Злосторничко здружување, Оштетување или повластување на доверители, Злоупотреба на службената положба и овластување, Измама и Перење пари и други приноси од казниво дело.