Косовската полиција потврди дека вчера во Приштина се приведени двајца припадници на меѓународната мисија на Обединетите нации во Косово – УНМИК, осомничени дека во еден локал во центарот на градот украле паричник, јави дописникот на МИА од Приштина.
Портпаролката на полицијата за приштинскиот регион, Флора Ахмети изјави за коха.нет дека станува збор за една државјанка на Русија и еден државјанин на Албанија, обајцата припадници на УНМИК.
– Тие се приведени во полиција под сомнение дека во еден локал украле паричник. Истите, откако се сослушани, со одлука на надлежниот обвинител се ослободени во редовна процедура – изјави Ахмети.