Човекот осомничен за убиството на бугарската новинарка Викторија Маринова наскоро ќе биде префрлен во Бугарија, соопшти Обвинителството во германскиот град Целе.
Според Обвинителството, тој ќе биде екстрадиран за десет дена.
– Дваесетгодишното момче призна дека под дејство на алкохол и дрога „ја удрил жртвата“ и ја „фрлил во грмушка“. Тој исто така тврди дека не „сакал да ја убие жртвата и негира дека ја силувал“ – наведува Обвинителството.