Осомничениот за нападот во џамијата во предградјето на Осло и за убиството на својата полусестра се појавил на суд со модринки.
Филип Мансхаус имал модринки на очите, лицето и вратот, а се изјаснил дека не е виновен за нападот во џамијата и барал да биде ослободен. Ова го кажал неговиот адвокат.
– Тој го користи правото да не биде испрашуван и не ја признава вината – рекол неговиот бранител, Уни Фрис Ројтерс.
Најмалку едно лице било рането во пукањето во џамијата во саботата.
Напаѓачот, кој носел заштитно елече, го совладале верници уште пред да дојде полицијата.
ФОТО: EPA / CORNELIUS POPPEN