Основачот на интернетот: Време е Гугл и Фејсбук да бидат уништени

465
ФОТО: EPA/MAURITZ ANTIN

Основачот  на интернетот, Тим Бернерс-Ли, смета дека кога-тогаш мора да биде урнат монополот на технолошките гиганти Гугл и Фејсбук.

– Неприкосновеноста на Гугл и Фејсбук е поголема од онаа на повеќето држави. Тие станаа толку доминантни, па време е да бидат уништени – изјави експертот по информатички науки.

Скандалозноста на овие компании го достигна врвот со случајот со злоупотреба на милиони лични податоци поврзани со фирмата Кембриџ Аналитика. Основачот на глобалната мрежа е прилично незадоволен од неа, зашто „во моментов е загубено секакво чувство за лична безбедност“.

Бернерс-Ли натаму истакна дека социјалните мрежи се најголем извор на омраза, „а против тоа не може да се бориме“ – нагласи тој категорично.

– Доколку пуштите капка љубов на Твитер, ништо нема да се случи, но пуштете капка омраза, и таа ќе се рашири за миг – посочи Бернерс-Ли.

Професорот на Технолошкиот институт при Универзитетот на Масачусетс и на Оксфорд, Тим Бернерс-Ли 1989 година ги изработи протоколите, по кои интернетот функционира и ден денешен.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Плусинфо значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени тука.




loading...